Утрински Весник
Свет

Земјотрес го погоди Еквадор, едно лице загина

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од околу 80 километри и дека неговиот епицентар бил на околу 20 километри североисточно од пристаништето Гвајакил.

dobivaj vesti na viber

Геофизичкиот институт на Еквадор соопшти дека земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од земјата, иако бил „слаб“ на планините.

Градоначалникот на кантонот Симон Боливар во крајбрежната провинција Гајас изјави дека 16-годишното момче загинало кога врз него паднал кабел за напојување со висок напон.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја