Утрински Весник
Свет

Земјотрес во Албанија, се тресеше тлото во близина на границата со Црна Гора

Земјотрес во Албанија, се тресеше тлото во близина на границата со Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 14.33 часот во Албанија во близина на границата со Црна Гора, јавуваат медиумите во регионот.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Земјотресот е регистриран единаесет километри јужно од Плав.

Од Институтот за сеизмологија и хидрометеорологија информираат дека магнитудата на земјотресот во жариштето бил 3 степени според Рихтеровата скала што одговара на епицентрален интензитет од 5 степени според Меркалиевата скала (MCS).

„Според првичните податоци, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 11 километри. Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, информираа од таму.

Можете да прочитате

Швајцарија нуди плати до 10.000 евра: 20.000 слободни работни места!

Нападнат е клучниот остров Харг, главен центар за извоз на нафта во Иран

Делегација на тајванската опозиција во посета на Кина