Утрински Весник
Македонија

Земјотресот ја замати водата за пиење во Маврово

Земјотресот ја замати водата за пиење во Маврово

Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ соопшти дека по силниот земјотрес што утрово го погоди западниот дел на Македонија дошло до заматување на водата за пиење и препорачува граѓаните да не пијат вода од чешмите.

„Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата директно од вашите чешми да не ја пиете“, се наведува во соопштението на ЈПКД Маврово.

Земјотрес со јачина од 5 степени, кoj ja погоди земјава рано изутрината, беше почувствуван и во околните земји. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот, кој се случи во 4.54 часот, бил на 17 километри југозападно од Гостивар.

Земјотресот ги погоди Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. Нема извештаи за повредени или штети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски на Меѓународниот ден на Ромите: Различноста не е причина за поделба, туку извор на сила, креативност и напредок 

Објавена заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави

Штипјанецот Асанов го смени исказот пред судот: Двајца непознати ми ставија вреќа на глава и ме врзаа за дрво