Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка за набавка на системи за наводнување

Земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка за набавка на системи за наводнување
300x250 opst2

Од денеска до 27 јануари 2022 година земјоделците ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Прогарамата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека за добивање на оваа поддршка може да аплицираат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе поединечно секое земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник“ , информира Бачовски.

Со овие средства може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема ( филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот а е во висина од 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените и прифатливи трошоци за инвестиции. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програмата за рурален развој. Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР. Краен рок за доставување на барањата е 27 јануари 2022 година. Барањата кои не се поднесени електронски нема да бидат разгледувани, додаваат од оваа институција.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди