Утрински Весник
Свет

Земјите од Г7 одвоија 18,4 милијарди долари за помош на Украина

Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да и помогнат на Украина да ги исполни своите тековни финансиски потреби, се вели во нацрт-комуникето што денеска го разгледа Ројтерс.

Мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучително и 9,2 милијарди долари помош пред состанокот во Петерсберг за да и помогнеме на Украина да го премости финансискиот јаз и да продолжи да обезбедува основни услуги за граѓаните, велат министрите за финансии и банкарите од Г7 во нацрт-документот.

Мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучително и 9,2 милијарди долари помош пред состанокот во Петерсберг, велат министрите за финансии и банкарите од Г7 во нацрт-документот, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад