Утрински Весник
Свет
Img 7972

Зеленски: Џонсон ми потврди дека ќе ни испрати воена помош

300x250 opst2

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за време на телефонскиот разговор британскиот премиер Борис Џонсон го потврдил новиот пакет воена помош за Украина.

Зеленски изјави дека Џонсон и тој бараат начин да ја избегнат кризата со храна и да ги деблокираат украинските пристаништа, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска беше објавено дека Велика Британија ќе и испорача на Украина повеќе ракетни системи кои можат да погодат цели до 80 километри, иако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека ќе бомбардира нови цели доколку САД испорача слично оружје на Киев.

Објаснувајќи го подарокот во форма на систем за повеќекратно лансирање М270, министерот за одбрана Бен Валас рече дека британската поддршка за Украина ќе се промени во согласност со развојот на руската тактика.

Можете да прочитате

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа