Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ќе ги прекинеме преговорите ако Русите ги елиминираат украинските борци во Мариупол

Зеленски: Ќе ги прекинеме преговорите ако Русите ги елиминираат украинските борци во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминирањето на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите со Русија.

„Сакам да кажам дека елиминацијата на нашата армија, нашите момци, ќе стави крај на сите преговори“, рече Зеленски.

Тој изјави дека Украина нема да тргува ниту со својата територија ниту со својот народ, додавајќи: „Колку повеќе места како Бородјанка има, толку потешко ќе биде“.

Украина инсистираше на тоа дека нејзините трупи сè уште се држат во урнатините на Мариупол, каде што украинските сили беа потиснати назад до фабриката „Азовстал“ во близина на пристаништето.

Претходно денеска, шефот на Народната република Доњецк (ДПР), поддржана од Русија, изјави дека украинските борци кои остануваат во Мариупол и одбиваат да се предадат ќе бидат елиминирани.

Можете да прочитате

Нов смртоносен вирус што ги плаши светските здравствени власти

25 жртви во лизгањето на земјиштето во Индонезија

Никозија избрана за водечка културна дестинација во Европа за 2026 година