Утрински Весник
Свет

Зеленски – Фон Дер Лаен: Украина очекува напредок во апликацијата за пристап во ЕУ

Зеленски – Фон Дер Лаен: Украина очекува напредок во апликацијата за пристап во ЕУ
Dik 300x250 mk

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и дека Украина очекува напредок во однос на апликацијата за влез во Европската унија во наредните месеци.

– Имав значаен разговор со претседателот на ЕК – наведе Зеленски на Твитер, пренесе Ројтерс.

Мислењето на ЕК за апликацијата на Украина за членство во ЕУ ќе биде подготвено во рок од неколку месеци, посочи тој.

-Известени се Владата на Украина и ЕК. Заедно одиме кон нашата стратешка цел – напиша Зеленски.

Можете да прочитате

Министерството за сообраќај на САД: Воздушниот сообраќај може целосно да запре поради буџетската криза

Џаред Кушнер пристигна во Израел на разговори со Нетанјаху за Газа

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп