Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ја поддржува слободата на говорот, но е против пропаганда финансирана од држава агресор, мислејќи на Русија.
Со тие зборови, тој ја поддржа одлуката за воведување санкции за три ТВ-канали и нивниот сопственик, пратеникот Тарас Козак, пренесува ТАСС.
„Санкциите се тешка одлука. Украина силно ја поддржува слободата на говорот”, напиша Зеленски на „Твитер“, нагласувајќи дека неговата одлука има за цел да и се спротивстави на Русија и да ги заштити евроатлантските аспирации на Украина.
Sanctions is a difficult decision. #Ukraine strongly supports #FreedomOfSpeech. Not propaganda financed by the aggressor country that undermines Ukraine on its way to #EU & EuroAtlantic integration.Fight for independence is fight in the information war for truth & European values
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 3, 2021
Претседателот на Украина инсистираше на тоа дека овие санкции се воведени поради таканаречената борба на државата за суверенитет.
Зеленски на „Твитер“ изјави дека борбата за независност е борба во информатичката војна за вистината и европските вредности.