Утрински Весник
Свет

Зеленски со критика за Милановиќ: Не би зборувал така да имаше 100.000 војници на хрватската граница

Зеленски со критика за Милановиќ: Не би зборувал така да имаше 100.000 војници на хрватската граница

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во објава на „Твитер“ го спомена хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, коментирајќи ја неговата претходна изјава во која тој го употреби изразот „шарлатанство“ во врска со посетата на хрватскиот премиер на Киев.

„Доколку има натрупано повеќе од 100.000 војници на границата на Хрватска, претседателот Милановиќ немаше да ја нарече посетата на украинскиот премиер на Загреб шарлатанство, туку израз на солидарност и пријателство“, напиша Зеленски во пораката објавена на „Твитер“.

Милановиќ во четвртокот ја опиша како „обично шарлатанство“ посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Украина во време на големите тензии со Русија и рече дека „ако го згусне Пленковиќ ќе побегне во Брисел“ и додаде дека хрватски војниците таму (на границата со Украина) нема да одат.

Милановиќ во петокот, по критиката на неговите изјави за Украина, повторно зборуваше за посетата на Пленковиќ и рече дека има емпатија и симпатии кон таа земја, но повика и на претпазливост.

„Имам симпатии за Украина, а не ја мразам Русија. Прилично непријатна позиција. Сепак, 100.000 руски војници се на границата со Украина, не се знае што ќе се случи утре“, изјавил Милановиќ за новинарите.

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска