Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија контролира 20 отсто од територијата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија во моментот контролира 20 отсто од територијата на Украина.

„Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбено подготвени руски воени формации се вклучени во оваа агресија“, рече Зеленски во видеообраќање пред Парламентот на Луксембург, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Тој додаде дека линијата на фронтот се протега на повеќе од 1.000 километри.

Можете да прочитате

Куба повика да не се прават паралели со Иран и Венецуела после изјавите на Трамп

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк

ИДФ соопшти за нови напади врз Техеран