Утрински Весник
Свет

Зеленски разговараше со Трудо: Канада стои зад Украина

Зеленски разговараше со Трудо: Канада стои зад Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Разговарав со мојот пријател Џастин за соработката на Украина и Канада во областа на одбраната и како да се зголеми притисокот од санкциите врз Русија. Договорени се натамошни дипломатски чекори“ – рече тој.

Тој додаде дека Канада стои зад Украина.

„Ние тоа го чувствуваме секој ден“, рече тој.

Можете да прочитате

Маѓар положи заклетва и стана нов унгарски премиер

Песков: Германија оди по многу опасен пат

Фицо присуствуваше на парадата во Москва