Утрински Весник
Свет

Зеленски: Подготвен сум директно да разговарам со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а не со помош на посредник.

Тој додаде дека „доколку рускиот претседател ја разбере реалноста, постои можност да се постигне дипломатско решение на конфликтот“, објави Ројтерс.

Украинскиот претседател изјави дека Москва треба да ги повлече своите војници на местото каде што биле пред почетокот на нападот и дека тоа би можело да биде првиот чекор кон разговорите.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички