Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ослободувањето на Украина е прашање на време, ќе имаме повеќе оружје од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека ослободувањето на Украина е се поблиску секој ден и дека е само прашање на време кога Украина ќе ги врати териториите што Русија ги окупира.

„Украина ќе врати се’. Ова е императив. Тоа е само прашање на време. Секој ден сме се поблиску до ослободувањето. Сè што правиме е за таа цел“, рече Зеленски.

„Ќе имаме повеќе оружје од Русија“

Ситуацијата во Донбас се уште е тешка, особено во областите Северодонецк, Лисичанск, Бакмут и Попасна, рече тој.

„Што се однесува до снабдувањето со оружје, секој ден сме се поблиску до тоа да го надминеме нашиот непријател. Ќе доминираме над окупаторот со технолошка и конвенционална ударна сила. Многу зависи од нашите партнери. Тие се подготвени да и’ обезбедат на Украина сè што и’ е потребно за да ја одбрани својата слобода. Затоа, очекувам добри вести за ова следната недела“, изјави украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка