Утрински Весник
Свет

Зеленски: Неприфатливо е одложување на договорот за нови санкции

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го поздрави шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но го критикуваше, како што рече, „неприфатливото“ одложување на договорот за нови мерки.

„Кога ќе поминат повеќе од 50 дена меѓу петтиот и шестиот пакет санкции, тоа за нас не е прифатлива ситуација“, рече Зеленски за време на разговорите со словачката претседателка Зузана Чпутова во Киев, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин