Утрински Весник
Свет

Зеленски: Макрон се плаши од Русија

Зеленски: Макрон се плаши од Русија
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Економист ги коментираше земјите кои помагаат и оние за кои смета дека не и помагаат на Украина во борбата против Русија.

Тој остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неуспехот да обезбеди воена поддршка за Украина.

„Зошто? Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А оние кои први велат дека ќе помогнат, први се плашат“, рече тој.

Тој го пофали Борис Џонсон. „Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој повеќе помага. Лидерите на земјите реагираат на однесувањето на нивните гласачи. Во овој случај, Џонсон е пример“, коментира Зеленски.

„Британија дефинитивно е на наша страна. Таа не балансира. Британија не гледа алтернатива за излез од ситуацијата.

„Британија сака Украина да победи и Русија да загуби, но не сум подготвен да кажам дали Британија сака да биде вовлечена во војната или не“, рече Володимир Зеленски.

„Германија се обидува да биде балансирана. Тие имаат долги односи со Русија и ја гледаат ситуацијата низ призмата на економијата. Понекогаш помагаат. Мислам дека се обидуваат да се прилагодат на ситуацијата како што се развива.

„Тие исто така гледаат како ситуацијата се одразува на нивната земја. Тие можат да помогнат ако има притисок врз нив во земјата да го сторат тоа, и можат да престанат кога ќе видат дека тоа што го направиле е доволно“, коментира Зеленски.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија