Утрински Весник
Свет

Зеленски и Бајден разговарале за нов пакет санкции за Русија

Зеленски и Бајден разговарале за нов пакет санкции за Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот колега Џо Бајден телефонски разговарале половина час, а станало збор и за нови санкции против Русија.

„Само што го завршив разговорот со претседателот на САД. Заеднички ја оценивме ситуацијата на бојното поле и на преговарачката маса. Разговаравме за нов пакет санкции и заострување на постоечките казнени мерки“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека разговарале и за поддршка во одбраната на Украина, како и за финансиска и хуманитарна помош.

Можете да прочитате

Пезешкијан: Иран ќе одлучи кога оваа војна ќе биде завршена

Трамп упати остри пораки до европските земји

САД ја отворија амбасадата во Венецуела