Утрински Весник
Свет

Зеленски за руските барања: Прво ќе треба да не уништат сите, дури потоа ќе се исполнат нивните ултиматуми

Зеленски за руските барања: Прво ќе треба да не уништат сите, дури потоа ќе се исполнат нивните ултиматуми

Украина не може да прифати никакви руски ултиматуми за запирање на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за украинската радио телевизија.

„Украина не може да прифати никаков ултиматум од Русија. Прво ќе треба да не уништат сите, дури потоа ќе се исполнат нивните ултиматуми“, изјавил Зеленски.

„Ние Русите поставуваме ултиматум, еве ги сите точки, исполнете ги и тогаш ќе ја завршиме војната“ – „Ова не е во ред, ова нема да даде резултати“, додаде Зеленски во врска со рускиот ултиматум, нагласувајќи дека народот е обединет.

„Москва, на пример, сакаше градовите Харков, Мариупол и Киев да се предадат“, потсети тој.

„Но, ниту жителите на Харков, ниту оние на Мариупол, ниту оние на Киев, ниту јас како претседател, не можеме да го сториме тоа“, нагласи тој.

„И тоа добро го гледаме во окупираните градови Мелитопол, Бердјанск, луѓето не се откажуваат. Што сакате? Уништете не сите. Затоа велам: ќе го исполниме тој ултиматум само ако повеќе не постоиме“, заклучи тој.

Зеленски во вторник ќе се обрати пред италијанскиот парламент преку видео врска, а во среда пред францускиот парламент.

Тој веќе им се обрати на претставниците на САД, Канада, Велика Британија, Германија и Израел.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот