Утрински Весник
Свет

Зеленски до Меркел: „Северен тек 2“ е опасно геополитичко оружје на Кремљ

Зеленски до Меркел: „Северен тек 2“ е опасно геополитичко оружје на Кремљ

Руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“ е опасно геополитичко оружје на Кремљ, рече украинскиот претседател во неделата, на приемот на германската канцеларка во Киев .

Овој речиси завршен балтички подморски гасовод директно ќе ги поврзе Русија и Германија, одземјаќи и на Украина најмалку 1,5 милијарди долари годишно, што сега ги добива за транзит на руски гас преку нејзината територија истовремено одземајќи и го од рацете дипломатското средство за притисок врз својот руски ривал.

„Во однос на безбедноста ние овој проект го сметаме за опасно геополитичко оружје на Кремљ“, рече Володимир Зеленски на заедничката прес -конференција со Ангела Меркел.

„Никој не може да негира дека Украина ќе биде изложена на најголеми ризици поради завршувањето на „Северен тек 2“, рече тој.

Канцеларката, која ја напушта функцијата наесен, се обиде уште еднаш да го увери Киев, велејќи дека е постигнат договор со САД.

Меркел потсети дека во петокот во Москва побарала од претседателот Владимир Путин да го продолжи „договорот за транзит на руски гас преку Украина, кој истекува во 2024 година“.

„Се согласуваме со Американците дека гасот не треба да се користи како геополитичко оружје и дека на крајот ќе биде во функција на продолжување на договорот. Колку порано тоа се случи, толку подобро “, додаде таа.

Но, претседателот Зеленски рече дека слушнал само општи работи за продолжување на договорот за транзит.

Канцеларката рече дека ја разбира големата грижа на претседателот Зеленски, истакнувајќи дека Берлин има посебна одговорност во тој поглед.

Германско-американскиот договор овозможува воведување „санкции доколку (гасот) се користи како оружје“, рече таа.

Ангела Меркел рече дека овие ветувања ќе бидат обврзувачки за идните германски влади, бидејќи канцеларката се подготвува да замине по 16 години на власт.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина