Крива Паланка, 24 април 2020 (МИА) – Со сите мерки за заштита и дезинфекција и почитување на препораките од Владата утре ќе работи отворениот зелен пазар во Крива Паланка.
На пазарот во Крива Паланка со кој стопанисува јавното претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка ќе биде дозволено да се продаваат само земјоделски производи од регионот на Крива Паланка и соседната општина Ранковце.
-Продажбата на производи ќе се врши исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар, каде може да се контролира влезот на потрошувачи. Сите продавачи на артикли треба се придржуваат до упатството за минимална оддалеченост на тезгите од два метри, со задолжително носење маски и заштитни ракавици, а ќе се пропушта само по еден купувач на тезга. Забраната за продажба на производи од страна на останати продавачи од други градови и друг тип артикли ќе биде на сила се додека трае вонредната состојба, информираат од ЈП „Комуналец“, Крива Паланка.
Пазарот ќе биде отворен до 13 часот.
Во текот на вчерашниот ден со запазување на сите заштитни мерки работеше пазарот во Општина Кратово.ид/см/