Утрински Весник
Македонија

Зелениот пазар во Крива Паланка денеска работеше со засилени безбедносни мерки и протоколи

Зелениот пазар во Крива Паланка денеска работеше со засилени безбедносни мерки и протоколи

Крива Паланка, 20 јуни 2020 (МИА) – Зелениот  пазар  во  Крива  Паланка денеска беше   отворен  и своите производи можеа да ги пласираат сите земјоделци и пазарџии од државата, но со засиелни безбедносни мeрки и протоколи.

Вработените во Јавното претпријатие „Комуналец“, кое стопанисува со зелениот пазар,  обезбедија редарска служба за контрола на задолжителното почитување на сите безбедносни мерки и протоколи од страна  на  сите  присутни во  пазаришниот  простор.

-Поставени беа пунктови за дезинфекција на главните и алтернативни влезови на пазарот, ја контролиравме редовната дезинфекција на продавачите,  купувачи,  редари  и службени лица за одржување и обезбедување на пазарот, а се вршеше дезинфекција и на возилата кои влегуваа и излегуваа од реонот на пазарот. Претставници на МВР во текот на целиот пазарен ден, од 7 до 15 часот, вршеа контрола на задолжителното носење маски и одржување дистанца на граѓаните, изјави Миле Марковски, директор на ЈП „Комуналец“.

Покрај земјоделски производи и цвеќе, на зелениот пазар денеска се продаваше и текстилна стока. ид/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово