Утрински Весник
Македонија

Зелениот и сточниот пазар во Ново Село нема да работат

Зелениот и сточниот пазар во Ново Село нема да работат

Струмица, 25 март 2020 (МИА) -Зелениот и сточниот пазар во општинскиот центар Ново Село нема да работат во периодот на епидемија со коронавирус во земјава, објави општината.

Наведуваат дека забраната е донесена поради прогласената вонредна состојба и во согласност со препораките на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити јавното здравје на сите граѓани.

-На пазарите се забранува какво било присуство на продавачи. Оваа забрана важи се до повторно отворање на пазарот по завршување на вонредната ситуација, а јавноста дополнително ќе биде известена, стои во соопштението на Општина Ново Село, каде пазарен ден е четврток. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На ,,Богородица” утрово се чека до еден час за влез во Грција

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот