Утрински Весник
Македонија

Зекири излезе од Инфективна: Крајно време е луѓето да се освестат за вирусот

Зекири излезе од Инфективна: Крајно време е луѓето да се освестат за вирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на Фејсбук објави дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести и дека со неговото семејство се дома и, како што вели, живи и здрави.

Со ФБ-статусот Зекири им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал од Клиникатата кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.

Порачува и дека само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминува општеството, со свест и совест, може да се спасиме себеси, блиските и други недолжни луѓе.

– Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон Ковид-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат, напиша Зекири на Фејсбук. хс/са/ 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции