Утрински Весник
Македонија

Зеав ги очекува кинеските вакцини до крајот на месецов

УНИЦЕФ: 28 компании ќе произведуваат вакцина против Ковид-19 во следните две години

Преку писма премиерот Зоран Заев и министерот Бујар Османи барале од Кина што побрзо да ги натовари вакцините за тие да може да стигнат во Македонија до крајот на оваа недела.

Премиерот Заев очекува сега процесот да оди полесно оти во Кина поминале празниците.

„Во четврток – петок помина кинеска Нова година. Пуштивме писма во Кина, прво јас а потоа и министерот Османи за да го забрзаме процесот, час поскоро вакцините да бидат натоварени. До крајот на оваа седмица, а тоа е и крајот на февруари ќе стигнат“, рече премиерот Заев за кинеските вакцини.

Министерството за здравство нарача 200.000 од кинеската вакцина на „Синофарм“ за кои, според најавите, авионскиот транспорт ќе го организира Македонија.

За набавка на 100.000 дози од руската вакцина премиерот Заев рече дека ќе следат преддогвоори и договори во кои се очекува да биде утврден терминот кога ќе стигнат кај нас.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна