Утрински Весник
Македонија

Здружение ИРИЗ: Во поликлиниката во Шуто Оризари нема матични лекари

Здружение ИРИЗ: Во поликлиниката во Шуто Оризари нема матични лекари

Во изминатиот период во услови на здравствена криза, ромската заедница во општина Шуто Оризари се соочува со заминување во пензија на поголем дел од матичните лекари кои се концесионери во Поликлиниката на Шуто Оризари. Оваа појава опфаќа околу 5.200 пациенти на кои им е оневозможено правото на здравје и пристап до здравствени услуги, реагираа денеска од здружението на граѓани „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ од Скопје.

Од таму додават дека поради новонастанатата ситуација и по прогласувањето на пандемијата, тие директно соработуваат и им помагаат на жителите во oпштина Шуто Оризари. Притоа потенцираат дека се сериозно загрижени за недостigot на основна здравствена заштита за 4.000 возрасни и 1.200 деца во оваа општина.

Токму поради ова тие денеска презедоа акција и на поликлиниката Шуто Оризари како што беше истакнато и беше доделена првата Светската награда за најлоша поликлиника.

„Акцијата е посветена на проблемот со дефицитот на матични лекари во Поликлиника Шуто Оризари, проблем кој секојдневно станува сè поопасен бидејќи во време на пандемија преку 5.000 граѓани од ранливи катергории се оставени без примарна здравствена заштита“, велат од оваа организација.

Покрај наградата на настанот беше промовирана и златната рипка од која граѓаните можеа да посакаат три желби за уредување, екипирање и подобро функционирање на поликлиниката.

„Со ова сакаме да го потенцираме фактот дека нашата поликлиника е здравствена установа која нуди услуги со низок квалитет и каде граѓаните не можат да го остварат своето право на здравствена заштита“, додаваат од таму.

Тие денеска упатија неколку барања до премиерот, Министерството за здравство, министерот Венко Филипче и Фондот за здравствено осигурување за спроведување.

Меѓу другото бараат итна постапка за назначување на нови матични лекари во општината Шуто Оризари кои ќе овозможат примарна здравствена заштита на сите граѓани, итна постапка за назначување лекар педијатар за потребите од примарна здравствена заштита на најмалку 1.200 деца, кои се оставени без основна здравствена грижа поради заминување во пензија на лекарката која ја изведувала оваа дејност, како и обезбедување  минимум услови за соодветно функционирање на поликлиниката Шуто Оризари со итно назначување на раководно лице кое ќе го организира работењето на поликлиниката во согласност со потребите на граѓаните.

Од таму апелираат, надлежните институции да не го игнорираат здравјето на граѓаните од Шуто Оризари и бараат итно да ја обезбедат нивната здравствена заштита особено во екот на третиот бран од ширење на заразата со Ковид-19.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност