Утрински Весник
Македонија

Здружението „За нас“ премиерно ќе прикаже емисија за сестринството во земјава

Здружението „За нас“ премиерно ќе прикаже емисија за сестринството во земјава

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ денеска со кратка емисија ќе ги одбележат Светскиот ден на медицинската сестра и Меѓународната недела на сестринството.

– Годинава, поради мерките за заштита на јавното здравје, не сме во можност да го одбележиме настанот како и секоја година, но затоа во сопствена продукција реализиравме кратка емисија преку која сакаме да ја искажеме нашата почит кон сестринската професија, се вели во соопштението.

Покрај стримингот на нивната веб страна zanas.mk, eмисијата ќе се емитува и на официјалниот YouTube канал и на нивната официјална Фејсбук страна.

Од Здружението „За нас“ упатуваат благодарност и до сите уметници, музичари и невладиниот сектор кои со свои креативни дела и видео честитки се вклучиле во одбележувањето на Неделата на сестринството. Дел од нив може да се погледнат на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=gVEYbHgQNHU&list=PLxTepDdDU4GQQmrHmWisQf7hyarE-IcfF&index=2. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор