Утрински Весник
Свет

Здравствените работници на Малта се заканија со штрајк ако не се откажат музичките фестивали

Здравствените работници на Малта се заканија со штрајк ако не се откажат музичките фестивали
Dik 300x250 mk

Лекарите и медицинските сестри на Малта се заканија со штрајк поради загриженост дека четири големи музички фестивали на малиот медитерански остров би можело да биде голем ризик за ширење на коронавирусот.

Настаните, вклучително и БПМ Фестивалот на електронска музика од 11-ти до 13-ти септември, треба да привлече илјадници странски туристи во август и септември.

Медицинското здружение на Малта соопшти дека ќе ги затворат сите клиники и им препорачаа на лекарите да ги одложат сите вон болнички интервенции во државните болници, ако владата не ги одложи фестивалите.

Синдикатот на медицинските сестри и` даде ултиматум на владата да ги откаже настаните.

Со штрајк се заканија и фармацевтите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција