Утрински Весник
Култура

„Здраво млади“ на 27 август во МКЦ

„Здраво млади“ на 27 август во МКЦ

На 27 август во паркот на Младинскиот Културен Центар ќе се одржи настанот „Здраво Млади“ по десетти пат.

За јубилејното издание, организаторите ги најавуваат данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar, домашните Funk Shui, PMG Kolektiv и DJ FITZ.

Дел од програмата оваа година е и самостојната изложба на Sali Ertunc насловена „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.

Десеттото издание на фестивалот на нова музика е закажано за 27 август, во паркот на МКЦ. Билетите по цена од 500 денари се достапни online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=645

Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.

Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Град Скопје и Министерство за култура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“