Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Зголемен дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“

Зголемен дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“
Img 7972

Дебар, 9 март 2020 (МИА) – Обилните и интензивни врнежи од дожд, присутни на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро “ каде се наоѓа Хидроелектраната „Шпиље“.

-Во последните три дена дотекот во просек изнедува 54 кубни метри вода во секунда. Поголем дотек доаѓа од Црн Дрим или над 34 кубни метри, поради пообилните дождови во ова подрачје. Нивото на езерото изнесува 571,58 метри што е три метри над просекот за месец март, изјави за МИА, Тони Марковски, раководител на службата за производство на Хидероенергетскот систем (ХЕС) „Црн Дрим“,во чиј состав е и ХЕ„Глобочица“.

Според него во акумулацијата има резерва на вода за прозводство на 22 милиони киловат часови електрична енергија, што е над просечната вредност за овој период од годината.

-Од почетокот на годинава до денес прозведени се над 30 милиони квч електрична енергија, што е 50 отсто од планираното за овој период од годинава, додава Марковски.

Овој значаен електроенергетски објект работи според потребите на енергетскиот систем, а со навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, подготвен е да ја прими и преработи количината на вода што ќе пристигне и да работи под полн капацитет. вт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби