Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Вардар

Загадувањето на Вардар не е од правните субјекти во кругот на Железара

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за мај. Исклучок се Вардар на мерното место кај Јегуновце и Бабуна кај Богомила каде нивото е повисоко од просечното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивото на Вардар кај Јегуновце е зголемено за 24 сантиметри во споредба со вчерашното, а благо зголемување има и на мерните места кај Скопје и Демир Капија.

Повисок од просечниот е и водостојот на Дојранското и Охридското Езеро и тоа за 2,93 метри кај Дојранското и за еден сантиметар кај Охридското Езеро. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 96 сантиметри пониско од повеќегодишниот просек за мај. вј/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пендаровски демантира дека ќе прави партија

МНТ со наградуваната претстава „Народен Пратеник“ гостува во Велес и Пожаревац

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ