Утрински Весник
Македонија

Зголемен број на новозаболени од КОВИД-19, најава за рестриктивни мерки во одредени општини и меѓупартиски обвинувања

Здравствениот систем подготвен за пикот од епидемијата што се очекува на крајот на април

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден епидемиолозите бележат повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за разика од претходниот кога беа регистрирани 25 лица со коронавирусот. Лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини дека ова е директна последица од неработењето на техничкиот министер Наќе Чулев, а тој пак порастот на заболени го оцени како директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики терала дневен ПР од прашањето поврзано со корона вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, а информираше и дека епидемиолозите се соочиле со проблем во добивање информации од семејството на починат за кој се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.

Вчера се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Од новите случаи на КОВИД-19 во Скопје се регистрирани 26, во Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1 и Кочани-1. Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129,  оздравени се 1.516, а починати 126. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Филипче вчера порача дека е можно повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа било анализирано на состанок на Комисијата за заразни болести но  дека засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.

Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром  каде има поголема концентрација на нови заразени од  периодот на строгите рестриктивни мерки.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Министерот информираше дека епидемиолозите имале проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19

– Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, објави на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, посочува Заев, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

Како што обвини лидерот на СДСМ Заев на Фејсбук, така одговори и министерот Чулев на неговиот профил. Секоја одлука на Владата, вели Чулев, поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање.

– Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира, порача Чулев на својот Фејсбук профил.

Утре завршува вонредната состојба, Советот за безбедност денеска на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема