Утрински Весник
Свет

Зголемен бројот на хоспитализирани и заразени лица во Словенија

Во Словенија 24 нови случаи на коронавирус, двајца починати

Во Словенија се потврдени 50 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, но тестирани се само 984 примероци, што е третина од бројот на тестови во работните денови.

Минатата недела се тестирани значително повеќе луѓе, а бројот на новозаразени надмина 100, па во саботата, врз основа на 2.288 тестови, откриени се 111 нови случаи.

Во Словенија моментално има 1.280 активни случаи, а зголемен е и бројот на хоспитализирани  кои во моментов се 70, четири повеќе од претходниот ден, пренесува „Хина“.

Нови дневни случаи се евидентирани во 30 различни општини, а повеќето од нив се во Љубљана, Марибор и Словенске Коњице, по пет.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се заразени 4.478 лица, од кои 142 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет