Утрински Весник
Економија

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Вработен во шумското претпријатие во Струга нелегално ставил печат на државни исечени дрвја

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) –  Во државните шуми во четвртото тримесечје од 2019 година вкупно се произведени 141.265 кубни метри шумски производи што е зголемување за 14 отсто во споредба со четврто тримесечје од 2018 година. Продажбата, пак, на шумски сортименти изнесува 151.520 кубни метри и бележи пораст за 4,6 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни и листопадни видови. вј/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте

Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Младите ќе можат да добијат 10 илјади евра за отворање бизнис – Дурмши го претстави во Тетово оперативниот план на владата