Утрински Весник
Македонија

Зголемени водостоите на Вардар, Пчиња и Лепенец

Зголемени водостоите на Вардар, Пчиња и Лепенец
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – И покрај бранот локални поројни врнежи што деновиве ја зафати земјава, нивоата на некои реки и натаму се под просекот за јуни.

Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, Треска кај Македонски Брод, Сатеска кај Ботун и Крива Река кај Крива Паланка се преполовени, Црна Река бележи речиси двојно намалување, а значително под просекот е и Струмица кај Ново Село.

Зголемени водостои бележат Вардар, Пчиња и Лепенец. Драстично надојдена, со двојно повисоко ниво од јунскиот просек, е Бабуна.

Кај езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, нема поголеми промени од минатонеделните мерења. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица