Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Зголемениот број на заразени во Тетово е поради свадба и семејна прослава

Зголемениот број на заразени во Тетово е поради свадба и семејна прослава
Img 7972

Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје по зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19, соопти Министерството за здравство.

Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, како би можело да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки.

Министерството за здравство апелира, граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

„ Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид центарот во КБ Тетово.
Досега не е детектиран делта-сојот, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид позитивни од јуни“ соопшти министерството.

И покрај мирната епидемилошка состојба во земјава, од Министерство за здравство апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни и да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита на здравјето.

„ Одржување лична хигиена на раце, држењето дистанца, носење маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас. Апелираме дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид пандемијата“ порачуваат од министерството.

Можете да прочитате

Гичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината