Утрински Весник
Спорт

Зверев: Немам коронавирус

Зверев: Немам коронавирус

Александар Зверев потврдил дека не е заразен со коронавирусот и дека организаторите на Ролан Гарос знаеле дека не се чувствува добро пред осмина-финалниот меч со Јаник Синер.

По мечот кој Синер го доби со 3:1 во сетови, Зверев на новинарите им изјавил дека играл со покачена температура и дека тешко дишел. Таа негова изјава и поттикна шпекулациите дека можеби Германецот е позитивен на коронавирусот.

„Ги добив резултатите. Негативен сум. Немам коронавирус“, рекол тој.

Зверев ги демантирал медиумите дека организаторите не знаеле дека пред мечот не се чувствува добро.

„Знаеја. Сакав лекарствата да ми ги препише докторот на турнирот за да бидам сигурен дека нема да ги прекршам анти-допинг правилата“, рекол Зверев.

> Зверев: Немам коронавирус <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија

ЗОИ2026: Прво злато за американските хокеари по пауза од 46 години