Фудбалерите на белградска Црвена звезда со високи 5-0 славеа победа на подготвителниот дуел против струмичка Академија Пандев во Анталија (Турција).
Дејан Станковиќ не го изнесе најсилниот состав, но и оние играчи што се најдоа во неговиот ростер за овој дуел беа пресилни за македонскиот претставник.
Долго време Звезда не можеше да го разбие бункерот на струмичани, а тоа му успеа на Милан Павков во 40. минута.
На почетокот на вториот дел, во 54. минута, Николиќ зголеми на 2-0. Овој резултат беше актуелен сè до 71. минута кога со голот на Иваниќ фаворитот на овој меч стигна и до 3-0.
Последните два гола, кои беа дело на Фалчинели, беа постигнати во последните 10 минути од средбата. Во 84. минута Италијанецот зголеми на 4-0, а во 88. минута ги постави конечните 5-0.
> Звезда со „петарда“ за Академија Пандев во Анталија <