Утрински Весник
Магазин

Збирка драми на Шекспир продадена за 2.4 милиони долари на аукција во Њујорк

Dik 300x250 mk

Книга стара 400 години, позната како Прво фолио е продадена во Њујорк за 2.4 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Збирката комедии, историски драми и трагедии на Вилијам Шекспир била отпечатена во 1623 година. Современите критичари ја нарекуваат Прво фолио.

Печатена во фолио-формат, збирката содржи 36 ремек-дела на драматургот, компилирани од неговите колеги Џон Хемингс и Хенри Кондел.

Се верува дека ракописите за популарните драми „Магбет“ и „Хенри Осми“ би биле изгубени без објавување на оваа збирка.

Збирката беше продадена во четвртокот на аукција во „Сотби“.

Обележана на аукциската листа како „најважната книга во англиската книжевност“, книгата вклучува гравиран портрет на авторот и поетски почести од Бен Џонсон и други.

Првично беа испечатени околу 750 примероци од првото фолио, но само 232 се сочувани, тврди аукциската куќа.

Се проценув дека сегашниот примерок е еден од дваесетте преостанати во приватна сопственост, а останатите моментално се изложени во музеи и библиотеки низ светот.

Можете да прочитате

Нов ризичен сексуален тренд ги загрижува лекарите: Што е „омораши“ и зошто може да биде опасен?

Работник на крузер откри во која земја одбива да работи: „Културниот шок е преголем“

Драма во живо: Српската водителка Маша Зиповски се онесвести за време на пренос на Бинго