Утрински Весник
Македонија

За 28 луѓе глоба по 2.000 евра, славеле за положен испит во стан во Скопје

Растурена домашна забава во Центар, приведени 28 луѓе

Група од 28 луѓе славеле за положен испит во стан во Скопје. Сите се казнети по 2.000 евра за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови биле затекнати при проверка во стан на улицата Славејко Арсов, каде што биле собрани на прослава за положен испит по анатомија.

„Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението“, соопшти Обвинителството.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари