Утрински Весник
Свет

За 24 часа во Бразил починале повеќе од 1.000 луѓе

За 24 часа во Бразил починале повеќе од 1.000 луѓе

Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани 35.816 нови случаи на коронавирус, а повеќе од 1.000 лица починаа, објави Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата, скоро 4,2 милиони луѓе се заразени во Бразил, пренесува „Ројтерс“.

Официјалниот број на починати е 128.539.

Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Индија, и втор по бројот на смртни случаи, по САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд

Француската влада преживеа гласања за недоверба

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд