Утрински Весник
Македонија

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска од 14 до 20 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, при што санкционирани се 66 возачи“, се наведува во соопштението.

62 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 17 за дури над 70 километри на час над дозволената.

Од МВР најавија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Контрола на возило во Кисела Вода заврши со пронаоѓање пиштол и 41 куршум

Кривична пријава за двајца за бесправно градење во охридско

Четири интервенции за пијани возачи, двајца удриле во возила