Утрински Весник
Економија

За уште 36 општини се одобрени проектите од програмата ТАВ

За уште 36 општини се одобрени проектите од програмата ТАВ

Владата на денешната 85-та тематска седница го одобри пакетот за финансиска поддршка за финансирање на инфраструктурни проекти на општините, од програмата ТАВ.

„Вториот пакет опфаќа 36 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните“, информираат од владината прес-служба.

Владата пред шест месеци одлучи средствата што беа предвидени за карго-аеродром во Штип да ги пренамени за инфраструктурни проекти во 75 општини во државата.

Кон средината на минатиот месец беа доделни првите договори за 23 општини во вредност од 9,9 милиони евра.

Можете да прочитате

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана