Утрински Весник
Македонија

За уште 16 лица обвинителството во Битола поднело предлози за казнени налози поради непочитување на полицискиот час

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе 12 предлози за издавање на казнени налози против вкупно 16 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за забрана за движење на територијата на Општина Битола во периодот на полицискиот час на 12 април, се наведува во соопштението.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, со определување на износот на дневна глоба во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.​ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Достоинство или интеграција по секоја цена? Или достоинствена интергација! Македонскиот пат кон Европа

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието