Утрински Весник
Свет

За Русија, протерувањето на дипломатот од Албанија е провокација

За Русија, протерувањето на дипломатот од Албанија е провокација

Руското Министерство за надворешни работи реагираше по одлуката на Албанија да го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошев поради непочитување на мерките против коронавирусот.

Министерството наведува дека таквиот потег нема да остане без одговор.

Во изјава за РИА новости, рускиот заменик- министер за надворешни работи Александар Грушко одлуката на албанските власти ја нарече провокација.

„Ова е јасна провокација насочена кон влошување на руско-албанските односи, и секако таквиот потег, кој не е пријателски, нема да остане без одговор“, рече Грушко.

Албанија го прогласи рускиот дипломат Алексеј Кривошев за персона нон грата во четвртокот и му нареди да ја напушти земјата во рок од 72 часа по поднесувањето на официјалното известување.

Одлуката на Владата на Албанија се однесува на фактот дека рускиот дипломат, во неколку наврати, не ги почитуваше мерките воведени од властите за да се заштитат од Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници