Утрински Весник
Македонија

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Времето на 1 Мај ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладнето ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од пет до 13, а максималната температура од 20 до 26 степени.

Како што соопшти УХМР, до крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Можна е и појава на град.

За време на викендот минималната температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а максималната од 18 до 25 степени.

Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо. Минималните температури ќе бидат од три до 10 степени, а максималните од 15 до 24 степени. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”