Утрински Весник
Свет

За помалку од година сегашните вакцини против ковид ќе бидат неефикасни поради мутациите, предупредуваат експертите

За помалку од година сегашните вакцини против ковид ќе бидат неефикасни поради мутациите, предупредуваат експертите
Dik 300x250 mk

Истражувањето на епидемиолозите, вирусолозите и експертите за заразни болести предупредува дека светот има помалку од една година пред постојните вакцини да станат неефикасни во борбата против Ковид-19.

„Алијансата за народни вакцини“ спроведе студија во која учествуваа 77 научници од 28 земји, а нивниот заеднички став е, накратко, дека „нашето време истекува, бидејќи ако светот не се вакцинира, ќе се појават такви видови на вируси, па постојните вакцини нема да бидат ефикасни“.

Според експертите, веројатно остануваат уште девет месеци или помалку до појавата на овие нови мутации кај Ковид-19 отпорни на вакцини. И, како што е наведено понатаму, овие соеви ќе потекнуваат од оние земји кои се немаат или имаат но малку вакцини.

„ Нови мутации се случуваат секој ден, понекогаш посилни од претходните верзии. Новите соеви може полесно да се шират и да бидат отпорни на вакцината. Ако не го вакцинираме целиот свет, оставаме простор за се повеќе и повеќе мутации што би можеле да ја надминат моќта на нашите сегашни вакцини и „Потребни ни се посилни вакцини за да ги уништиме“, рече Грег Гонсалвес од универзитетот Јеил.

Побогатите земји како Велика Британија и САД веќе започнаа со масовна имунизација и дадоа барем една доза од вакцината на четвртина од нивната популација. Покрај тоа, тие обезбедија стотици милиони дози залихи. Од друга страна, земји како Јужна Африка и Тајланд не вакцинираа ниту 1 процент од населението.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега