Утрински Весник
Македонија

За неносење заштита на лице изминатото деноноќие регистрирани 585 прекршоци

СЗПМ: Пензионерите да ги почитуваат мерките, автобускиот превоз да се користи само кога е неопходно

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Изминатото деноноќие полицијата регистрирала 585 прекршоци за неносење заштита на лице. На територијата на државата на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, при контролите не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук објави дека досега полициските службеници констатирале вкупно 4.694 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

Тој наведува и дека во државен карантин се спроведени 52 лица.

– Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на Владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид-19, посочува министерот Чулев во објавата. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово