Утрински Весник
Македонија

За незаконит лов, приведено 58-годишно лице од Кочани

За незаконит лов, приведено 58-годишно лице од Кочани

Полициски службеници, вчера го лишиле од слобода лицето Ј.П.58 години од Кочани, бидејќи во местото викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА.

Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА.

По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис

Интернационалната полициска асоцијација викендов ги чистеше плажите во Охрид