Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 188 мотоциклисти

За еден ден казнети 188 мотоциклисти

Полицијата вчера казни 188 мотоциклисти на територија на цела држава, соопшти Миинистерството за внатрешни работи.

Од нив, 36 возачи управувале мотоцикл без возачка дозвола, три мотоцикли биле нерегистрирани, 129 возачи се казнети за неносење заштитна кацига, а 42 мотоцикли се исклучени од сообраќај.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 43, потоа на територијата на СВР Битола – 30 и по 27 на териториите на СВР Куманово и СВР Охрид, 25 на територијата на СВР Велес итн.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август

ВМРО-ДПМНЕ: ХС Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира