Утрински Весник
Македонија

За два месеци во гостиварско 160 лица го прекршиле полицискиот час

За два месеци во гостиварско 160 лица го прекршиле полицискиот час
300x250 (7)

Гостивар, 29 мај 2020 (МИА) – Изминативе два месеци, полицијата во гостиварско открила 160 лица кои го прекршиле полицискиот час. За неносење на заштитни маски санкционирани се 80 гостиварци.

Од воведувањето на полицискиот час, заклучно со вчера (28 мај) СВР Тетово поднело вкупно 121 кривична пријави против 156 сторители. За изминативе два месеци биле изготвени и четири писмени известување.

Ss1

– Пријавените лица не ја почитувале владината одлука за ограничено движење на гостиварското подрачје и сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ или кривично дело„ „пренесување заразна болест“, изјави за МИА, Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.

Недисциплина е регистрирана и кога станува збор за носењето на заштитна опрема. Па така изминативе два дена во гостиварскиот регион откриени и законски санкционирани се 80 физички лица.

Тие според СВР Тетово не ја носеле потребната заштитна опрема. Најголемиот број од нив биле без маски во возила во случаи кога е задолжителна, на отворен простор и лица кои се однесувале спротивно на владината уредба со која е регулирано носењето на заштитна опрема. згм/аа/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Ковачевски: СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните